Реконструиран аеродромот во Солун

51

Компанијата Fraport потврди дека аеродромот во Солун, на којшто активностите за реконструкција се завршени три месеци пред рокот, е трансформиран во целосно нов објект со скоро двојно поголема површина и се еден од 14-те реновирани и безбедни аеродроми во Грција.

Реконструираниот аеродром во Солун сега има два терминала поврзани со авио мост и целосно нови пунктови за пријава, пристигнување и заминување на патници, нови ресторани и други дополнителни содржини.

Грчко – германскиот конзорциум, којшто управува со 14 аеродроми во регионот е скоро на крај на инвестициониот план во вредност од 450 милиони евра, а за овој аеродром се потрошени скоро 25% од вкупните инвестиции.

Фото: Freepik