Рекорд во Турција: Над 225 отсто повеќе странски туристи ја посетиле земјата

51

Странските туристи кои одат на одмор во Турција растат со рекордно темпо. Ова го покажуваат официјалните податоци на индустријата, цитирани од Daily Sabah.
Туроператорите коментираат дека во тековната летна сезона земјата конечно ќе ги измие последиците за бизнисот погоден од пандемијата.

Според статистичките податоци на турското Министерство за култура и туризам во април 2022 година, бројот на странски туристи во земјата скокнал за рекордни 225,6 отсто во споредба со претходната година. Тоа се 2,57 милиони луѓе. За споредба, во април 2021 година, бројот на странци кои влегле во Турција бил под 791.000.

Истанбул, најголемиот турски град и најголемиот туристички центар, прими 40 отсто од сите странски посетители во земјата овој април. Тоа значи речиси 1 милион луѓе. Следува медитеранското одморалиште Анталија со 661.609 странски туристи и Едрене на границата со Бугарија и Грција, каде што бројот на странци, кои пристигнале, е 359.303. Главната причина за посетата на овој град не е туризмот, туку купувањето, поради ниските цени, благодарение на обезвреднувањето на турски лири.

Германија е на врвот на листата на националности со 15,4%, или речиси 400.000 посетители, а потоа следат Бугарија (10,5% или 271.000) и Обединетото Кралство (8,8% или 225.000). Во позадина на ова, бројот на Руси кои пристигнале во Турција во април паднал на 130.150, а лани во исто време беа 156.133.

Веќе минатата година, приходите од туристи во земјата се удвоија, во споредба со 2020 година, на речиси 25 милијарди долари.

Според прогнозите годинава тие ќе бидат уште повисоки.