Рекорден број на бродови поминале низ Суецкиот канал

32

Суецкиот канал го забележа најголемиот дневен транспортен сообраќај откако беше отворен во 1869 година, пишува Би-Би-Си.

Низ каналот за еден ден поминале 107 бродови, кои превезувале 6,3 милиони тони стока.

Меѓу бродовите бил и еден од најголемите товарни бродови во светот, кој пловел од Грција кон Малезија.

Надлежните го објаснуваат зголемениот сообраќај на проектот за проширување што беше завршен во 2016 година.

Суецкиот канал ги поврзува Црвеното и Средоземното Море и се смета за еден од најпрометните морски патишта.