Рекорден број туристи во Италија, првпат по пандемијата најмногу странци

Туризмот во Италија достигна рекордно ниво во последниве години, а странците го сочинуваат мнозинството туристи во земјата за првпат по пандемијата Ковид-19, објави  италијанското биро за статистика ИСТАТ.
Регистрираните пристигнувања во сместувачки капацитети, како што се хотелите, се зголемија за 13,4 отсто на годишно ниво на повеќе од рекордни 134 милиони во 2023 година, додека вкупниот број на ноќевања во хотели и други слични објекти се зголеми за речиси 10 отсто на 451 милиони пренесе Танјуг.

По периодот кога преовладуваше домашниот туризам, почнувајќи од пандемијата од 2020 година, странците повторно беа мнозинство во претходната година, а Италија се обидува да го регулира бројот на посетители на некои од нејзините главни атракции.

Венеција наплаќа пет евра за влез во градот за еднодневни патувања за време на шпицот, а многу други дестинации презедоа чекори за да избегнат пренатрупаност, пренесува Ројтерс.

Лацио и Ломбардија се регионите кои бележат најголем раст на туризмот од година во година поради постојаниот пораст на бројот во Рим и Милано, објави ИСТАТ.

Присуството на странци беше поголемо во североисточниот дел на Италија, каде што се наоѓаат атракции како Венеција и Милано, а нешто и на југот на земјата.