Рекорден пад на невработеноста во ЕУ

21

european-union-1328255_960_720

Фото: Pixabay

Стапката на невработеност во земјите членки на еврозоната првпат падна на 8,5% во февруари, што е најниска стапка од декември 2008, кога започна економската криза во Европа, објави Eurostat.

На ниво на 28-те земји членки на ЕУ стапката достигнува 7,1% во февруари. Конкретно тоа значи дека околу 17,6 милиони луѓе во ЕУ се без работа. Eurostat проценува дека 17.632 милиони мажи и жени во ЕУ28, од кои 13.916 милиони во еврозоната, биле невработени во февруари 2018 година.

Најниска стапка на невработеност по земја имаат Чешка (2,5%), Германија и Малта (3,5%), додека Грција има највисока стапка од 20,8%.

Во споредба со јануари 2018 година, бројот на невработени лица е намален за 201.000 во ЕУ28 и 141.000 во еврозоната.

Во споредба со пред една година, стапката на невработеност падна во сите земји-членки, освен во Естонија, каде што се зголеми (од 5,8% до 6,5% од јануари 2017 до јануари 2018 година).

Најголем пад се регистрирани во Кипар (од 12,6% до 9,6%), Грција (од 23,4% на 20,8% во периодот од декември 2016 до декември 2017 година) и Хрватска (од 12,0% до 9,6%).

Во февруари 2018 година стапката на невработеност во САД изнесуваше 4,1%, стабилна во споредба со јануари 2018 година и намалување од 4,7% во февруари 2017 година.