Рекорден продажен резултат за Hugo Boss

18

Германскиот луксузен моден бренд Hugo Boss објави дека забележал прелиминарен раст на продажбата во четвртиот квартал од 2022 година од 18 отсто на 1,07 милијарди евра (1,16 милијарди долари) и дека кварталната продажба за прв пат во историјата на компанијата надминала 1 милијарда евра.

Приходите во четвртиот квартал се зголемени за 15 отсто, што е за 29 отсто повеќе во однос на истиот период од 2019 година, објави SEEbiz.

Компанијата очекува дека оперативната добивка или EBIT за истиот период ќе се зголеми за четири отсто, на 104 милиони евра.

Во текот на фискалната 2022 година, Hugo Boss оствари продажба од 3,65 милијарди евра, што е раст од 31 отсто, додека на валутна основа, приходите се зголемија за 27 отсто.

На 9 март, Hugo Boss ќе ги објави своите конечни резултати за 2022 година и финансиската прогноза за фискалната 2023 година.