Рекорден профит на нафтена компанија – најголем во последните 115 години

205

Нафтениот и гасниот гигант Шел забележа најголем профит во последните 115 години, односно од своето основање, пренесува Би-би-си.

Компанијата објави заработка од 39,9 милијарди долари во 2022 година, што е нејзин апсолутен рекорд. Енергетските компании остваруваат рекордни профити по поскапувањето на нафтата и гасот по руската инвазија на Украина. Резултатот е притисок врз компаниите во форма на даноци, додека домаќинствата се борат со инфлацијата.

Цените на нафтата и гасот почнаа да растат по завршувањето на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирус, но по почетокот на конфликтот во Украина тие дополнително се зголемија, а резултатот е огромен профит за енергетските компании.

Цената на суровата нафта „брент“ се искачи над 120 долари за барел во март 2022 година, но оттогаш падна. Цените на нафтата денеска се под нивото во однос на периодот пред инвазијата.

Фото: Pixabay