Рекорден раст на производните цени во Германија

15

Инфлацијата на цените на германските производители се искачи на ново рекордно високо ниво во мај, поттикната од цените на енергијата, покажуваат податоците на германската статистичка канцеларија.

Производните цени се зголемија за 33,6 отсто на годишно ниво во мај од 33,5 отсто во април.

Тоа е загрижувачки бидејќи производните цени се добар показател за потрошувачките цени.

Цените на енергијата во целина пораснале за 87,1 отсто во однос на истиот месец лани.

Од останатите компоненти во индексот на цените на производителите, се издвојува скокот на цените на суровините за 25,1 отсто.