
Увозот на руска сурова нафта во Индија достигна рекордни 50,83 проценти од вкупниот увоз на сурова нафта во јули, или 2,47 милиони барели дневно, покажаа трговски извори, во време кога Њу Делхи се обидува да избегне повеќе американски царини.
Увозот на руска нафта во Индија во јули беше за 62,4 проценти повисок отколку во истиот месец минатата година, но беше за 4,8 проценти помал од рекордните 2,6 милиони барели дневно во јуни, покажуваат податоците, според Ројтерс.
Индиските рафинерии почнаа да го намалуваат увозот на руска нафта во јануари за да избегнат повисоки американски царини, додека Њу Делхи преговара за трговски договор со Вашингтон.











