Рекордна бројка: Албанија годинава ја посетиле 7,1 милион странски гости

95

Календарската 2022 година се оценува како златна година за туризмот во Албанија, како во однос на странските туристи, така и по остварените приходи.

-Во периодот јануари-ноември 2022 година нашата земја привлече 7.152.242 странски посетители, додека лани 5.421.240. Значи 31,9 отсто повеќе посетители споредено со истиот период минатата година, што е рекордна бројка остварена до сега, објави албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро.

Според неа, „добрите туристички вести доаѓаат и за месец ноември“ кога земјата ја посетиле 358.350 странци, што е раст за 46,8 во однос на ноември минатата година“.

Централна банка објави дека во екот на туристичката сезона, „туристите потрошиле една милијарда евра и со тоа поставиле историски рекорд“.

-Како деветмесечен извештај, приходите од туризмот достигнаа 2,2 милијарди евра, надминувајќи ја годината пред кризата, 2019 година, која се смета за најдобра досега, кога овој показател достигна 2,1 милијарди евра во целиот период, рече Кумбаро.

Најголем број од туристите се од Косово потоа следат другите земји од регионот, Северна Македонија, како и Грција и Италија.