
Цената на златото, кое важи за безбедно засолниште за капиталот, достигна рекордни нивоа, повеќе од 3.160 долари за унца.
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути остро падна во раното претпладневно тргување во четвтокот, лизгајќи се на најниските нивоа од средината на октомври минатата година.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,13 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 104,20 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 149,80 на 147,25 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0915 долари, додека вчера во истиот момент изнесуваше 1,0795 долари.
Додека доларот е под притисок, поради несигурноста на финансиските пазари, најмногу пораснаа курсевите на јапонскиот јен и швајцарскиот франк, валути кои се сметаат за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.
Цените на нафтата, пак, драстично паднаа бидејќи трговците стравуваат од забавување на економскиот раст и, следствено, побарувачката на „црното злато“.











