Рекордна цена на златото

154

Златото бележи голем раст на цената и таа во моментов е на највисоко ниво во последниве седум години, а на ваквиот пораст влијае стравот на инвеститорите кои бараат финансиско прибежиште во страв дека корона вирусот би можел да предизвика погубни штети на светската економија.

Цената сега за една унца изнесува 1.800 долари. Само за споредба, пред четири недели златото се тргуваше по цена од 1.400 долари за унца.

Со новата цена златото е на највисоко ниво од октомври 2012 година.

Аналитичарите сметаат дека и покрај глобалното влошување на економското расположение, сепак на златото може да му се верува.

Фото: Pixabay