Рекордна инфлација во Хрватска, во пресрет на воведувањето на еврото

31

Потрошувачките цени во Хрватска во октомври пораснале за 13,2 отсто, што е највисоко ниво на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги чува овие податоци, јавуваат хрватските медиуми.

Хрватска забрзано се подготвува за влез во еврозоната на 1 јануари 2023 година, со што еврото ќе стане официјално платежно средство во таа земја. Во исто време, земјата ќе влезе во Шенген зоната.

На месечно ниво пораснаа и цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени и во октомври беа во просек за 1,3 отсто повисоки од август.

Најголем пораст на потрошувачките цени на годишна основа е остварен во групата храна и безалкохолни пијалаци, за 19,7 отсто.