Рекордна квартална добивка на Alphabet

50

Компанијата Alphabet, што управува со Google, објави рекордни тримесечни резултати поради продажба на огласи и услуги во “облак“, објави Ројтерс.

Alphabet оствари рекордни 56,89 милијарди долари од продажба, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите кои беа на ниво од околу 53,12 милијарди долари.

Заработката по акција изнесува 22,30 долари, што исто така ги надмина очекувањата од 15,90 долари по акција. Приходите од реклами на YouTube, чиј сопственик е Google, во последното тримесечје од минатата година, се зголеми за 46% на 6,89 милијарди долари.

Фото: Freepik