Рекордни 9,3 милиони странски туристи ја посетиле Шпанија во мај, 11,5% повеќе од минатата година

88

Рекордни 9,3 милиони странски туристи ја посетиле Шпанија во мај, што е за 11,5 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави денеска шпанскиот национален институт за статистика (INE).

Најбројни биле туристите од Велика Британија, бидејќи во мај Шпанија ја посетиле 1,9 милиони граѓани на таа земја, 5,7 отсто повеќе отколку во мај 2023 година.

На второ место е Франција со 1,3 милиони туристи во Шпанија во мај, а нивниот број е зголемен за 11,7 отсто на годишно ниво.

Шпанија во мај ја посетиле и 1,2 милиони туристи од Германија, за 9,3 отсто повеќе од мај минатата година, пренесува Танјуг.

Бројот на странски туристи во Шпанија за првите пет месеци од 2024 година се зголеми за 13,6 отсто на годишно ниво на приближно 33 милиони посетители, според веб-страницата INE