Рекордни 93 милијарди евра странски инвестиции за Франција: Ќе се отворат повеќе од 15.000 работни места

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека во рамките на инвестицискиот самит „Избери Франција“ се договорени рекордни странски инвестиции во вредност од 93 милијарди евра, кои ќе создадат повеќе од 15.000 нови работни места во земјата.

Според него, договорени се вкупно 71 инвестициски проект на странски компании во Франција, објавува „Фигаро“.

Значителен дел од оваа сума се однесува на долгорочни проекти, меѓу кои и инвестициите на јапонската Софтбанк, која најави инвестиции од околу 45 милијарди евра до 2031 година, првенствено во развој на центри за податоци и дигитална инфраструктура.