
Рекордни 94 милиони туристи ја посетиле Шпанија во 2024 година, во најдобрата година за туризам во земјата од почетокот на евиденцијата, изјави шпанскиот министер за туризам Жорди Хереу.
Шпанија е втора најпопуларна дестинација во светот, по Франција, според Светскиот туризам барометар на Обединетите нации.
Бројот на странски посетители во 2024 година е зголемен за десет отсто во однос на 2023 година, кога земјата ја посетиле 83,5 милиони луѓе, рече уште Хереу, пренесува Бета.
Приходите од странските посетители достигнаа 126 милијарди евра во последните 12 месеци, што е за 16 отсто повеќе од 108,7 милијарди евра во 2023 година.
Туризмот учествува со 12,3 отсто од бруто домашниот производ и е една од најпопуларните дестинации за летен одмор, со 32 отсто од туристите особено заинтересирани за културните атракции.