Relúmĭno – паметни очила за лица со оштетен вид

48

oci

Фото: Youtube

Samsung креираше паметни очила Relúmĭno за лица со оштетен вид, коишто официјално ќе бидат претставени на светскиот саем за електроника CES 2018, што ќе се одржи во Лас Вегас следната недела, пишува New Atlas.

Очилата се изработени во согласност со Relúmĭno апликацијата што јапонскиот производител ја претстави минатиот февруари. Концептот од тогаш доби своја надградба и сега корисниците ќе можат да ги носат очилата контролирајќи го видот преку смартфон.

Инспирацијата за Relúmĭno креаторите ја добиле откако го согледале фактот дека само 14% од луѓето имаат целосно оштетен, а останатите 86% имаат слаб вид. Апликацијата има четири модули и очила и секоја користи различен софтвер за процесирање на сликата и подобрување на видот.

Со нивна помош се дефинираат контурите, се изострува сликата, се добиваат контрасти за полесно читање на текст и слично. Корисниците, според Samsung, ќе можат да ги носат очилата додека се движат и нема да им претставуваат никаков проблем за разлика од претходниот сет за виртуелна реалност.

Производот сè уште е прототип и не се знае неговата цена.