Renault ги објави првите фотографии и детали за новиот Scenic

53

Renault се подготвува за премиерата на целосно новиот Scenic кој ќе дебитира на Салонот за автомобили во септември

Оригиналниот Scenic од 1996 година беше огромен хит за Renault и помогна да се создаде бум во миниван C-сегментот во Европа, кој почна да опаѓа со доаѓањето на кросовери и SUV модели со слична големина една деценија подоцна. 27 години подоцна Renault одлучи да го следи трендот. Производителот на автомобили го реосмислува Scenic како ЕВ, но овојпат во стил на кросовер.

Renault нема целосно да го открие Scénic E-Tech Electric до автосалонот во Минхен во септември, но објави неколку фотографии од камуфлиран автомобил за да ни даде увид во тоа како би изгледала сериската верзија на концептниот автомобил Scenic Vision од минатата година. Сликите покажуваат дека Scenic се оддалечи од формата на моноволуменски миниван и доби потрадиционална форма на кросовер-хечбек.

Засега не е познато што точно што се наоѓа под хаубата, но не е тешко да се шпекулира врз основа на погонските агрегати понудени во малку нешто поголемиот „брат“ на Scenic, Megane E-Tech Electric и Nissan Ariya. Сите три возила возат на платформата CMF-EV која може да се конфигурира во форми со погон на предните и сите тркала, а автомобилите со погон на две тркала ги поставуваат своите единечни мотори напред, наместо назад, како што е случај со некои ривали.

Ист погон како Ariya

Megane е достапен само со преден погон, со максимална моќност од 218 КС и нуди максимални 60 kWh батерија, но моторната линија на Scenic сигурно ќе биде иста или слична со онаа на Ariya, која се протега до 394 КС со двоен електромотор и 90 kWh батерија.

Scenic Vision дебитираше со водороден погон, но оваа поставка не се очекува да дебитира со автомобилот, барем не кога ќе се појави во продажба во Европа во 2024 година. Концептот се одликуваше со предно поставен електромотор кој испорачува 218 КС, водородна горивна ќелија за продолжување на опсегот што генерира 22 КС и батерија од 40 kWh. Оваа хибридна поставка му овозможува на возилото да носи двојно полесна батерија за истиот опсег.

Renault не објави информации за димензиите за новиот Scenic, но ако серискиот автомобил е според концептот, ќе биде долг 4.490 милиметри, што ќе го прави значително поголем од Megane 4.199 мм и повисоката линијата на покривот ќе значи и поголема пространост.

Преземено од Avtoplus.mk