Renault и кинеската Geely основаат заедничкa компанија за производство на мотори

59

Францускиот Renault и кинескиот Geely денеска објавија основање на заедничка компанија со вложување 50-50, кое ќе снабдува мотори за нивните марки и модели на бензин и со хибридна технологија, како и за други производители на автомобили.

Ова е последниот во низата чекори преземени од француската компанија како дел од сложеното реструктуирање, пренесува Ројтерс.

Покрај проширувањето на бизнисот со мотори со внатрешно согорување на електрични автомобили, Renault се обидува да го обнови својот сојуз со Nissan со цел да го убеди јапонскиот партнер да инвестира во својата нова електрична единица.