Renault планира прифатлив електричен автомобил за помалку од 23.000 евра

35

За електромобилноста да биде успешна, автомобилите мора да бидат достапни. Малите автомобили сè уште чинат значително повеќе од нивните колеги со мотори со внатрешно согорување. Сега трендот се врти, па производителите се обидуваат да ги намалат цените, на пример VW сака да го понуди ID. 2 за помалку од 25.000 евра. Дури е објавено дека ID.1 ќе биде достапен за помалку од 20.000 евра, додека Renault планира евтин електричен автомобил за помалку од 23.000 евра. Сепак, сето тоа се само најави.

Моделот на Renault треба да биде лансиран на пазарот во 2027 година и ќе се натпреварува со ID.1 на VW. Французите беа инспирирани од јапонските микроавтомобили Kei. Ова го изјави извршниот директор на Рено, Лука де Мео, на конференција организирана од Фајненшл Тајмс. Kei Cars се мали автомобили во форма на коцка, долги околу 3,5 метри и се исклучително популарни во Јапонија.

Евтиниот електричен автомобил би можел да ја дели CMF BEV платформата со претстојниот Renault 5 и неговиот спортски братучед Alpine A290. Сепак, може да се базира и на електричниот Dacia Spring, пренесува ХАК ревија.