Renault претстави нов EV што ќе чини помалку од 35.000 евра

Француската компанија Renault денеска на саемот за автомобили во Париз го претстави електричниот автомобил (EV) R4 E-Tech, кој ќе чини помалку од 35.000 евра, што значи дека новиот производ ќе им конкурира на електричните возила со пристапни цени од кинеските компании како што е BYD.

Станува збор за возило кое е целосно произведено во Франција, а досегот му е 400 километри со едно полнење, пренесува Bloomberg.

Новиот модел ќе се произведува во францускиот град Мобеж, а Renault ќе набавува мотори и батерии од блиските фабрики.

Фото:Facebook