Рено ги продава своите акции во руски Автоваз

52

Француската автомобилска компанија „Рено“ ќе го продаде својот мнозински удел во руската компанија „Автоваз“ на руски научен институт, соопштија денеска од компанијата „Рено“, наведувајќи дека договорот подразбира шестгодишна опција за купување на тој удел.

Рено е западен производител на автомобили кој е најзастапен на рускиот пазар и поседува 67,69 отсто од „Автоваз“, кој ќе го продаде на рускиот централен институт за истражување и развој за автомобили и мотоцикли, наречен „Нами“, пренесува Ројтерс.

Министерството за индустрија и трговија на Русија соопшти дека рускиот удел во групацијата „Рено“ станува сопственост на државата и владата на Москва. Се наведува дека „Автоваз“ ќе врши сервисно одржување на автомобилите „Рено“ во Русија.