Рено откри дефект кај 60.000 возила Koleos во Кина

23

koleos kinaРено повика преку 60.000 сопственици на возилата Кoleos во Кина да дојдат во овластените сервиси поради детектирани проблеми со сензорите кои го следат нивото на гориво, објавија кинеските државни служби за контрола на квалитетот на производите.

Повикот е упатен за вкупно 61.508 возила Koleos произведени меѓу 16 декември 2008 и 10 јули 2012 година. Поради неисправни сензори, се покажуваат погрешни количини на гориво во резервоарот, а Рено замената на неисправниот дел ќе ја изврши бесплатно.

Ова втор проблем со истиот модел на возила во последните два месеци во Кина. Во јануари беа повикани 5.097 возила поради лошо заварени делови.