Рено повторно ја прекина работата во Русија

76

Францускиот производител на автомобили Рено објави дека повторно ја прекинува работата во својата фабрика во Москва.

Во соопштението објавено синоќа, францускиот производител нагласи дека веќе се придржува до меѓународните санкции против Русија, пренесува Ројтерс.

Рено оваа недела продолжи со работа во Москва, откако престана со производство по рускиот напад на Украина.