
Францускиот производител на автомобили „Рено“ објави дека во првиот квартал од 2026 година забележал зголемување на приходите од 7,3 проценти на годишно ниво на 12,53 милијарди евра, иако продажбата на брендот „Дачија“ значително ослабе.
Голем пад од 16,3 проценти на годишно ниво во продажбата на „Дачија“ се должи на проблеми со производството и логистиката во Северна Африка, вклучувајќи поплави во фабрика во Тангер и прекини во превозот преку Гибралтар.
И покрај ова, вкупните приходи на групацијата „Рено“ се зголемија благодарение на поголемата продажба на електрични возила и поскапи модели, како и поради консолидацијата на фабриката во Индија, што дополнително придонесе за приходите со околу 200 милиони евра, објавува „Фигаро“.











