Rent a finn – бесплатни часови по среќа во Финска

29

Фото: Pixabay

Финска втора година по ред е најсреќна земја во светот, според податоците на Организацијата на обединетите нации.

Оваа скандинавска земја, сакајќи да им покаже да другите луѓе во светот што е среќа, го создаде проектот Rent a finn. Станува збор за проект во којшто осум обични Финци ќе им бидат водичи за среќа на своите гости.

“Нашата тајна е во природата, во буквална смисла на зборот. Кога другите одат на терапија, Финците облекуваат гумени чизми и одат во шума“, стои на официјалната страница на Rent a finn.

Заинтересираните имаат можност онлајн да аплицираат, а околу трошоците за патувањето и сместувањето, немаат никаква обврска. Оние кои ќе бидат избрани, ќе имаат можност да поминат три  дена во семејство во Финска ова лето, каде што ќе можат одблизу да се запознаат со нивниот начин на живот. Единствена задача ќе им биде да го снимаат целото искуство.

Меѓу активностите што ќе може да ги имаат со своите домаќини од Финска се: посета на национален парк, риболов, собирање диви плодови, уживање во финска сауна… Вообичаени активности што им се секојдневие на најсреќните луѓе во светот.

Според податоците на ООН, топ пет најсреќни земји во светот се: Финска, Данска, Норвешка, Исланд и Холандија.

Од вкупно 156 земји во светот, од регионот најдобро позиционирани се: Словенија (44), Косово (46), Србија (70), Црна Гора (73), Хрватска (75), Босна и Херцеговина (78), Грција (82), Македонија (84), Бугарија (97) и Албанија (107).