Реплика на Мона Лиза продадена за 2,9 милиони евра

Европски колекционер на аукција во Париз ја купи репликата на Мона Лиза на Да Винчи од 17-от век за 2,9 милиони евра, што е рекорден износ за репродукција на таа слика.

Сликата е позната под името Мона Лиза на Хекинг, по колекционерот којшто репликата ја купил во 50-тите години од минатиот век и неуспешно тврдеше дека тоа е оригинал, а онаа што се чува во музејот Лувр во Париз е една од многуте репродукции.

На меѓународната аукција учествувале 14 понудувачи и во последниот час понудата се зголеми за пола милион евра на дури 2,4 милиони евра, пред да ја достигне конечната понуда од 2,9 милиони евра.

Како што е познато, оригиналната Мона Лиза на Да Винчи е во Лувр и нејзината вредност е непроценлива, како трајна уметничка вредност за човештвото и не се продава.

Фото: Pexels