Ресторан од иднината без келнери

51

restoran

Добредојдовте во иднината, каде што за да нарачате во ресторан нема потреба од човечка интеракција. Со новиот iBeacon на Apple е опремена секоја маса и со порцеланска свеќата што има Bluetooth се активира менито преку кое нарачувате и исто така плаќате. Откако ќе одберете што сакате, додавате печат и потпис на пораката, што се пренесува на услужниот персонал. Со сето ова се крати времето што е потребно персоналот да ја земе нарачката од секоја маса. Исто така, преку дигиталните нарачки ресторанот ќе има увид во тоталните нарачки, потребниот инвентар и потрошените залихи. Oвој ресторан од иднината се уште е само концепт на компанија од Токио, но според сајтот Recruit Tech, технологиите во видеото веќе постојат – iBeacon, апликацијата SmartGlass на Xbox, Kinect и уште многу апликации во развој во оваа област.