Eggs & Bread, ресторан лоциран во Лондон на своите посетители им нуди појадок за којшто не мораат да платат доколку немаат пари. Местото работи на принципот “донирај колку можеш“, па така ако некој сака да плати остава сума во сандаче наменето за таа цел, така што не се знае кој платил и колку платил.
Целта според сопственикот на локалот Гај Вилсон е да се стави акцент на дружењето, топлиот оброк, правењето добро за луѓето без пари. Менито е скромно, па така гостите можат да појадуваат варени јајца, пржени лепчиња, житна каша, кафе, чај и овошен сок.
Посетителите самите се послужуваат, земаат јајца од кошница, го печат лепчето во тостер, и сами си ги ставаат пијачките, пишува BBC.
“Особено е интересно за децата, кои уживаат сами да си го сервираат појадокот. Најчесто доаѓаат родители со деца, постари луѓе, лица со посебни потреби и секој оној кој сака слободно и опуштено да јаде и мубети со познати и непознати“, вели Вилсон
Во моментов тој самиот го финансира ресторанот и вработените, но се надева дека со текот на годините локалот ќе стане самоодржлив.
Фото: Eggs & Bread