Ресторан во Загреб врши достава на ролерки

44

zg restoran

Кинескиот ресторан Wok n’ Walk, кој се наоѓа во центарот на Загреб, се одлучи доставата наместо со мотоцикл, да ја врши на ролерки. Како што стои на нивната Фејсбук страна, доставата во околината на центарот на градот ќе биде на ролерки, затоа што им се смачило да плаќаат казни за возење мотор во пешачката зона, пишува Пословни.

Во пешачките зони и зоните со ограничен сообраќај за моторни возила во центарот на Загреб, возила можат да се движат само со посебни одобренија од градското управно тело надлежно за сообраќај, кои се издаваат за одреден ден, час и одредено теретно возило.

restoran