Рестораните може да бидат отворени три или четири дена во неделата, вели познат шеф

425

Англиско-францускиот готвач Мишел Алберт Ру, кој има две Мишелин ѕвезди, ги спомна тешкотиите во угостителството, за кои верува дека ги предизвикала и генерацијата Z (луѓе родени помеѓу крајот на 90-тите и 2010 година).

Во интервју за британскиот весник Телеграф, пред отворањето на неговиот нов ресторан Chez Rose во центарот на Лондон, овој познат готвач изјавил дека угостителството мора да се промени за да се направи пофлексибилно работното време.
„Фактот што работев 80 часа неделно или повеќе не значи дека следната генерација треба да работи толку многу. Напротив. Ова е нешто со што треба да се справиме во оваа индустрија“, рече тој.

Сепак, Ру предупреди дека овие промени ќе имаат своја цена – и парична и непарична.

„Ова на крајот ќе значи дека посетите на рестораните ќе бидат поскапи и вашиот омилен ресторан повеќе нема да биде отворен секој ден. Можеби три или четири дена во неделата“, рече тој.

Угостителството е познато како дејност во која работното време не е во корист на работниците. Според Ру, вистинскиот проблем настанал по пандемијата на коронавирус, кога се зголемил бројот на оние кои повеќе не сакале да работат за време на викендите. Наместо тоа, како што истакна, младите претпочитаат да работат на доставување пакети, кога сакаат.

Фото:facebook