Рестораните на Филипини ќе се рангираат според тоа дали плаќаат данок

40

filipiniФилипини воспоставија единствен начин на оценување на квалитетот на рестораните – според плаќањето на данокот, а не според квалитетот на храната.

Системот на вреднување е дел од настојувањето на властите да го зголеми полнењето на буџетот, јавува АП.

“Целта е компаниите да ја зголемат транспарентноста во плаќањето данок”, вели Цесар Пурисима, секретар за финансии.

На прво место на листата се франшизите на меѓународните синџири на брза храна и водечкиот филипински синџир брза храна на база на пилешко месо, Max’s Restaurant.

Листата ќе се освежува секоја недела и ќе биде објавувана во најтиражните дневни весници, како и на интернет страната на министерството за финансии.