Ресторанот Арабеска им овозможи празничен шопинг на децата од Домот без родители

41

Во последниве три месеци ресторанот Арабеска дел од дневниот промет го одвојуваше како донација во Домот за деца без родители 11 Октомври.

Акцијата вчера се заокружи со водење на децата на празничен шопинг да си одберат облека за зимските денови.

“Во разговор со директорката на домот, дознавме дека децата од домот најмногу се соочуваат со недостаток на топла облека во овие зимски денови, па затоа одлучивме донацијата да биде во форма на шопинг, а со тоа мислиме дека им даваме ретка можност да почувствуваат што значи и како изгледа, шопинг во празнична атмосфера”, изјави Синиша Ивановски, директор на ресторанот.

Од ресторанот Арабеска најавуваат дека и во иднина ќе бидат присутни со општествено одговорни и донаторски активности.