Ресторанот на Џон Бон Џови нуди бесплатни оброци на работници

63

Фото: Facebook

Познатиот американски музичар, Џон Бон Џови, е сопственик на ресторанот Soul kitchen во Њу Џерси. Овој ресторан дели бесплатни оброци на работниците и нивните семејства кои останале без плата поради делумна блокада на работата на американската федерална влада.

Ресторанот, што е отворен во 2011 година, на своите гости им нуди прилика со донации или волонтерски акции да го платат својот оброк.

Делумната блокада е поради предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за подигнување на ѕид на границата со Мексико.