Ресторанот на Винаријата Стоби рангиран во најдобрите

22

foto_restoranРесторанот на Винаријата Стоби близу Градско доби четири ѕвезди – највисоката категоризација што на угостителските објекти им ја доделува Kомисијата за категоризација на угостителски објекти од Министерство за Економија.

Обученоста и подготвеноста на персоналот на Стоби да одговори на сите прашања на гостите во врска со вината, храната и начинот на подготвување е истакната како еден од најбитните елементи при доделувањето на највисоката категорија.

Одлична оценка доби и инвентарот во ресторанот, како и приборот за јадење од најпознатите светски производители на порцелански садови (Баушер) или пак на пример сребрениот прибор за јадење полиран со специфичен нерѓосувачки челик, што истовремено дава исклучителнaта тврдост и висок сјај.

Највисока оценкa доби и барот. Утврдено е дека во кујната се работи со модерни апарати и професионална опрема и што е исто така важно, дека персоналот ги почитува највисоките стандарди за чување на храната и инвентарот.

Претставниците на Kомисијата за категоризација на угостителски објекти при ненајавената контрола беа импресионирани од беспрекорната хигиена во сите делови на ресторанот на Стоби благодарение на секојдневното спроведување на утврдените процедури.