Ретка копија од Уставот на САД продадена за 43,2 милиони долари

53

Понудата на ентузијасти на криптовалути за купување на ретка копија на американскиот Устав, која е групно финансирана, пропадна откако документот беше продаден на друг купувач за 43,2 милиони долари, што е рекордна цена за печатен текст, објави Sotheby’s.

Идентитетот на купувачот не беше веднаш јасен, ниту беше јасно зошто групата „ConstitutionDAO“ беше надмината по таа цена, бидејќи нивната страница за групно финансирање собра повеќе од 47 милиони долари.

„Заедница: Не победивме на надавањето“, објави на „Твитер“ групата „ConstitutionDAO“, ветувајќи им на своите 17.437 соработници рефундирање намалено за провизијата за трансакцијата. Sotheby’s рече дека тоа е најголемата иницијатива за групно финансирање досега.

Домот на Sotheby’s процени дека исклучително реткиот официјален печатен примерок на американскиот Устав во првото издание, кој го усвоиле американските основачи во Филаделфија во 1787 година, вреди меѓу 15 и 20 милиони долари.

Последниот примерок од Уставот беше продаден за 165.000 долари во 1988 година, кога го купи покојниот С. Хауард Голдман, градежен инвеститор од Њујорк и колекционер на американски автограми, документи и ракописи.

Победничката понуда беше 41 милион долари, а конечната цена од 43,2 милиони долари ги вклучува општите трошоци и другите трошоци, соопшти Sotheby’s.

Приходите од продажбата ќе бидат од корист за добротворна организација во име на неговата сопруга Дороти Тејпер Голдман, за да се зајакне јавното разбирање за демократијата, соопшти Sotheby’s.