Ретрото е во мода: Citroen претстави ново лого ФОТО/ВИДЕО

83

Францускиот производител е само еден од бројните автомобилски брендови кои го одбележаа влезот во ерата на електрична енергија со промена на нивниот визуелен идентитет.

Citroen го претстави својот нов идентитет и лого, што е реинтерпретација на оригиналот од 1919 година. Новото лого ќе дебитира на новиот концепт пред крајот на септември, пред да се појави на идните сериски модели почнувајќи од средината на 2023 година.

Ова е десетта ревизија на логото во 103-годишната историја на Citroen и трета во последните 13 години.

Новото лого е комбинирано со свежа и поедноставена палета на бои и модерен фонт за буквите Citroen.