Ревизорите на ЕУ испитуваат дали авиокомпаниите им вратиле пари на патниците

44

Ревизорите на Европската унија испитуваат колку се почитувале правата на патниците во авиосообраќајот за време на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, објави Европскиот суд на ревизори.

Судот потсетува дека авиокомпаниите добиле огромна државна помош, како и дека земјите членки им овозможиле на авиокомпаниите поголема флексибилност кога станува збор за враќање пари на патниците чии летови се откажани.

Комисијата издаде упатства и препораки, во кои се вели дека издавањето ваучери не го поништува правото на поврат на пари на патникот. Сепак, авиокомпаниите честопати ги принудуваа патниците чии летови беа откажани да прифаќаат ваучери наместо поврат на средства.

Во други случаи, авиокомпаниите не им ги надоместувале патните трошоци на патниците. Европскиот суд на ревизори започна ревизија за да процени дали Европската комисија ги штити правата на граѓаните кои патувале со авион или резервирале лет за време на кризата.

Фото: Pixabay