
Долгорочниот буџет на Европската Унија (ЕУ) би можел да се соочи со „значаен дефицит“ доколку земјите-членки не постигнат договор за нови даночни приходи, додека трошоците за сервисирање на заедничкиот европски долг продолжуваат да растат, предупреди Европскиот суд на ревизори (ЕСР).
„Важно е да се напомене дека околу 20 проценти од предложениот буџет од две милијарди евра зависи од нови извори на приходи кои сè уште не се одобрени“, изјави претседателот на Европскиот суд на ревизори, Тони Марфи, објави Репортер.
Како што предупреди Марфи, доколку овие приходи не се реализираат, ЕУ би можела да се соочи со значителен буџетски дефицит, кој, како што истакнува тој, би барал поголеми придонеси од земјите-членки или „намалување на вкупните буџетски амбиции“.











