Revlon го купува конкурентот Elizabeth Arden за 870 милиони долари

85

revlon

Козметичката куќа Revlon, со седиште во Њујорк, соопшти дека ја купува конкурентската компанија Elizabeth Arden од Флорида за 14.00 долари за акција во готово, со што вредноста на Elizabeth Arden е околу 870 милиони долари.

Со спојување на комплементарните портфолија на двата бренда, Revlon ќе биде присутен на голем број пазари, а се очекува заштеда од 140 милиони долари поради елиминирање на двојните активности и оптимизирање на производството и дистрибутивната мрежа на комбинираната компанија.

“Elizabeth Arden и Revlon се познати по своите брендови, претприемачки дух и посветеност на иновации, квалитет и совршенство. Комбинирањето на нашите брендови, таленти и глобалната дистрибуција ќе ѝ даде на нашата компанија значително присуство до сите главни канали и категории и ќе го забрза растот на продажбата во постоечките и нови географски региони. Со нетрпение очекуваме да ги обединиме двата врвни тима и да формираме глобален лидер во оваа индустрија”, вели претседателот и извршниот директор на Revlon, Фабијан Гарсија.