PetroChina, подружница на кинеската Национална нафтена корпорација (CNPC), откри големи резерви на нафта од шкрилци во најголемото нафтено поле во земјата, Дакинг, во североисточната провинција Хејлонџијанг.
„Проценетите геолошки резерви на нафтенi шкрилци во полето Дакинг-Гулонг надминуваат 1,26 милијарди тони“, објави компанијата на својата сметка на кинеската социјална мрежа „Веибо“, пренесe „Russia Today“.
Според PetroChina, главните истражувачки бунари покажале стабилно пробно производство на 30 кубни метри нафта дневно, вклучувајќи го и бунарот Гуџа, каде производството во текот на 500 -те дена истражувања изнесувало повеќе од 6.000 тони сурова нафта.
„Успеавме да направиме важен стратешки чекор напред во производството на „континентална“ нафта од шкрилци во басенот Сонглијао“, додава компанијата во пораката објавена на „Веибо“.
Нафтеното и гасното поле Дакинг е откриено во 1959 година. Тоа во моментов е најголемото кинеско поле со геолошки резерви од повеќе од 5,7 милијарди тони нафта и 1.000 милијарди кубни метри природен гас, според „RT“.