Резервите на јаглен во Русија ќе траат уште илјада години

Резервите на јаглен во Русија се доволни за речиси илјада години однапред, изјави денес претседателот на земјата, Владимир Путин, за време на неговата презентација на Источниот економски форум во Владивосток.

Тој, сепак, ја нагласи потребата од поефикасно користење на тој ресурс во енергијата на рускиот Далечен Исток, особено во услови на можен дефицит на гас, пренесува ТАСС.

„Постои значителен потенцијал за поефикасно користење на јаглен од различни квалитети, со поголема енергетска добивка и во согласност со сите еколошки стандарди“, рече Путин, додавајќи дека подоцна во текот на денот ќе одржи состанок за развојот на енергијата на Далечниот Исток.