Швајцарскиот производител на луксузни часовници Richard Mille во соработка со Ferrari го претстави новиот најтенок часовник во светот чија дебелина е само 1,75 милиметри.
Само пред неколку месеци Bulgari постави нов рекорд за најтенок часовник на светот. Во март, Bulgari Octo Finissimo Ultra ја виде светлината на денот со 1,80 mm, што го направи најтенок часовник некогаш направен.
Благодарение на партнерството помеѓу Richard Mille и Ferrari, претставен е нов шампион во оваа категорија. RM UP-01 Ferrari е новиот стандард според кој се мери производството на часовници тенки како жилет.
Овој нов ултра тенок часовник е дебел само 1,75 mm, победувајќи го оној на Bulgari за 0,05 mm.
At just 1.75 millimetres thick, the RM UP-01 Ferrari constitutes a triumph of technical prowess, rolling back again the limits by taking up the ultra-flat challenge.https://t.co/WqvuEmpuw7#RMXFerrari #RMUP01 @Ferrari pic.twitter.com/Ncq65mSD6j
— Richard Mille (@Richard_Mille) July 5, 2022
За разлика од Bulgari (и поранешниот рекордер Piaget), RM го склопи цел механизам во дебелина од само 1,18 mm, во куќиштето – наместо задната страна на куќиштето да служи како основна плоча, што е вообичаена процедура.
RM UP-01 е ограничен на 150 парчиња, а потенцијалните купувачи ќе мора да издвојат 1.888.000 долари за да го поседуваат.
Фото:Richard Mille