Right Cup – чаша за вода со овошен вкус

23

the-right-cup

The right cup е иновативна чаша што има мирис на овошје, па секогаш кога корисникот ќе стави вода во нејзе има чувство дека пие свеж овошен сок. Целта на чашата е да им помогне на луѓето да пијат многу повеќе вода во текот на денот, а да не се грижат дека внесуваат шеќери од негазираните сокови.

Чашите ги има со неколку вкусови: црвено овошје, портокал, јаболко, праска и coca – cola.

Идејата за ваква чаша ја има Исак Лејви од САД и неговиот тим, кој ги искористи вкусовите што најчесто се користат за производство на сокови, по што преку посебна технологија ги вметнаа во оваа чаша.

Уникатниот дизајн на чашата го примамува носот на корисникот со вкусна овошна арома, а потоа има чувство дека водата што ја пие го има истиот сладок вкус.

The right cup е наменета за луѓе кои не пијат многу вода и за оние кои сакаат да уживаат во различни вкусови.

Чашата се појави на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде што успеа да собере 1,3 милиони долари поддршка.