Популарната поп пејачка Ријана е именувана за креативна директорка на спортскиот бренд Puma. Убавицата од Барбадос ќе даде свој печат на женската линија обувки и облека од познатиот германски производител.
Со потпишувањето на договорот Ријана е официјално амбасадор на брендот, со што им се приклучува на Усеин Болт и Марио Балотели кои веќе се дел од Puma.
Дваесет и шестгодишната ѕвезда освен што ќе работи на дизајнот, ќе биде вклучена и во разни социјални и медиумски настани поврзани со брендот.
“Ријана е одличен чекор за Puma, нејзината харизма, глобален профил и амбиција се токму тоа што ни треба”, вели извршниот директор на компанијата Бјорн Гулден.