Ријана и Џек Дорси донираат 4.000 iPad-и на студентите од Барбадос

61

Познатата музичка ѕвезда, Ријана, и основачот на Twitter, Џек Дорси, ја покажуваат својата хумана страна, помагајќи им на оние кои имаат потреба од тоа.

Преку видео порака, премиерката на Барбадос, Миа Амор Мотлеј, најави дека фондацијата на Ријана, Clara Lionel Foundations, заедно со иницијативата на Дорси, #StartSmall, донирале 4.000 iPad таблети за студентите на островот.

Ријана и Дорси веќе ја покажаа својата хуманост со донации за поддршка на борбата против пандемијата, вклучувајќи го и партнерството од 4,2 милиони долари за центри за згрижување лица од семејно насилство во Лос Анџелес, пишува Harpers Bazaar.

Фото: Facebook