Rimac Automobili: Роботското такси ќе се развива и произведува во Хрватска

27

Робо – такси, новото возило најавено од хрватскиот претприемач Мате Римац, треба да се најде на патиштата во Загреб до крајот на 2024 година. Сепак, по објавувањето на проектот тежок 450 милиони евра се појавија многу сомнежи во врска со овој проект.

Каде ќе се произведува, дали под покровителство на компанијата Rimac Automobili и слично, а Index.hr доби одговори на “жешките“ прашања. Компанијата тврди дека роботското такси ќе се развива и произведува во Хрватска, но наведуваат дека  Rimac Automobili нема да прават робо- такси. За реализација на овој проект, формирана е нова, независна компанија – Project 3 Mobility, специјализирана за нивниот развој, како и развој на целосен еко-систем, неопходен за функционирање на возниот парк, кој вклучува инфраструктура.

Тие понатаму наведуваат дека робо – такси возила ќе бидат произведени во Хрватска и нема да бидат купени од други производители. Нивната цел е да извезуваат големи количини на овие автомобили од Хрватска.

Фото: Facebook