Rimac Automobili во Формула1

100
Rimac Automobili, откако се спои со Bugatti и го претстави Rimac Nevera, сериозно започнува со развој на мрежа на автономни роботски такси возила и за три години тие треба да возат низ Загреб и бројни други светски метрополи. Но, ова очигледно не е крај на плановите, бидејќи во Rimac, на прашањето дали е можно да се очекува нивен болид на патеките на Формула 1, заедно со болидите на Mercedes, Red Bull, Ferarri и други, рекоа дека вратата не е затворена.

Rimac, кој сега е во тесно партнерство со Volkswagen и Porsche и кој основа заедничка компанија Bugatti-Rimac во третиот квартал, има потенцијал да работи на развојот на болидите во Формула 1, бидејќи веќе е познато дека Volkswagen калкулира дали ќе се придружи на најголемиот октански циркус од 2025 година, кога започнува нова регулатива и цела нова серија мотори.

Porsche и Audi одржаа бројни состаноци на тема влез во Формула 1 во новата ера на мотори. Се разбира, новата регулатива отвора бројни шпекулации за тоа кој ќе се приклучи на спортот во 2025 година, а Rimac Automobili, пишува Planetf1, не негира дека тие би можеле да бидат еден од играчите.

“Многу луѓе во нашата компанија сакаат да работат на нашата технологија за тркачки автомобили и ние направивме прототипови“, рече Марта Лонгин, менаџерка за комуникации и маркетинг во Rimac Automobili, за Motorsport.com.

Фото: Facebook