
Компанијата Вернe, основана од Мате Римац, и нејзиниот кинески партнер Pony.ai тестираат роботски такси кои се движат по јавните патишта во Загреб без возач или оператор во возилото.
Тест-возењата се одвиваат на рута долга 22 километри, меѓу седиштето на компанијата „Вернe“ во Бузин и меѓународниот аеродром „Фрањо Туѓман“, пренесува Index.hr.
Тестирањето започна на 10 септември. Возилата самостојно управуваат, сопираат, забрзуваат и реагираат на сообраќајната ситуација околу нив.
Во автомобилот нема лице кое би можело да ја преземе контролата во случај на проблем. Сепак, возилата се следат од далечински оператори кои, според Верн, не ги возат автомобилите.
Во моментов, станува збор за тест возења со патници поканети однапред. Роботаксиите сè уште не се достапни за сите граѓани преку апликациите Вернe или Убер. Компаниите најавуваат дека постепено ќе ја прошират областа каде што возилата работат без оператор кон остатокот од Загреб.
Загрепски „Вечерњи лист“ го објави искуството на својот новинар кој се возел со едно од овие роботски таксиња. Според неговиот опис, за време на дождот, возилото самостојно се прилагодувало на сообраќајот, реагирало на пешаците и другите автомобили и се движело без нагло сопирање и пренасочување.
Во оваа фаза од тестирањето, брзината на роботското такси е ограничена на 80 километри на час.
Затоа возилото не оди до аеродромот по загрепската обиколница, туку по патот што води до Велика Горица.











